Што постигна ТАДАМ: најважни резултати и клучни бројки
Партнерите на TADAM во декември 2025 година ја одржаа својата последна транснационална средба во Тампере, Финска. Состанокот беше можност за заеднички осврт на резултатите од проектот: какво влијание имаш проектот, што беше постигнато и што најдобро функционираше и во однос на содржината и во однос на соработката меѓу партнерите.
Како една од клучните позитивни придобивки, конзорциумот истакна дека овој проект им овозможил значајно учење за вештачката интелигенција (ВИ) од перспектива на медиумската писменост. Силната соработка меѓу истражувачкиот и граѓанскиот сектор ги зајакна партнерите и придонесе за промена на гледиштата за ВИ – од тема што се сфаќа исклучиво како техничка, кон тема што ги опфаќа медиумската писменост, етиката и инклузијата.
Почетниот семинар што обедини различни перспективи ги инспирираше партнерите и ја постави основата за заедничко дефинирање на петте главни приоритети на проектот, нудејќи иновативен и влијателен пристап за да се задржи фокусот на ВИ низ целиот проект.
Од аспект на менаџирањето со проектот, овие заеднички приоритети и цели утврдени на почетокот создадоа стабилна рамка за насочување на активностите, донесувањето одлуки и евалуацијата.
Проектот ТАДАМ ефикасно ја подигна свесноста кај граѓаните, особено преку децентрализирани работилници засновани на практики од терен, кои поттикнаа силен ангажман кај учесниците и се покажаа поефикасни од формати што се исклучиво онлајн.
Media Edukathon се издвои како клучно искуство, комбинирајќи висока ангажираност на учесниците со иновативни методи и станувајќи највпечатливиот и највлијателниот дел од проектот.
Со нагласок на практични активности, проектот создаде ресурси и насоки за ВИ во медиумите и информацискиот простор, особено преку ко-креативни методологии за време на Media Edukathon. Ресурсите понудија конкретни, преносливи методи за пристап кон ВИ, со потенцијал да се интегрираат во наставни програми.
Партнерите оценија дека проектот ги исполни главните цели. Граѓаните беа подобро подготвени да разберат како алгоритмите и ВИ влијаат врз информациите што ги гледаме и споделуваме, а соработката меѓу различни сектори и земји донесе размена на знаења и практики што може лесно да се пренесат и надградат. Дополнително, обучувачите и ресурсните центри добија повеќејазични насоки и материјали, а европската заедница на практичари во медиумската писменост се зацврсти преку пристапи „од долу нагоре“ и заеднички осмислени решенија.
КЛУЧНИ БРОЈКИ
Учесници по активност
- Почетен семинар: 121 учесник (52 присутни на лице место)
- Регионални работилници: 511 учесници
- Media Edukathon: 59 учесници
- Онлајн вебинари: 90 учесници
Вкупно: 781 учесници
278 комуникациски активности
- 208 објави на социјалните мрежи
- 33 билтени (newsletter)
- 37 објави/статии на веб-страници
16 презентации на академски конференции, со досег од 662 учесници
3 објавени академски трудови и 6 што моментално се подготвуваат
Организирани TADAM настани: 29
- 1 почетен семинар
- 22 регионални работилници
- 1 Media Edukathon
- 5 онлајн вебинар
Идентификувани или развиени добри практики и активности: 35
- 15 од регионални работилници
- 9 од Media Edukathon
- 6 од show-and-tell сесии
- 5 од онлајн вебинари
Вклучени надворешни организации:
- Почетен семинар: 28
- Регионални работилници: 20
- Media Edukathon: 28
Застапени националности (на физички настани): 19
Авганистан, Белгија, Бугарија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Македонија, Малта, Црна Гора, Романија, Србија, Шпанија, Украина
Ресурси за медиумска писменост достапни на 6 јазици.


