Who’s Who of Information?
Дизајн-фикциска игра на улоги за ВИ, медиумска продукција и квалитет на информации
Тибо Филипет (UCLouvain)
Концепт
Оваа активност ги поканува учесниците да истражат како се гради, оспорува и преговара довербата во информациите во медиумската средина посредувана од вештачката интелогенција (ВИ).
Преку симулација со игра на улоги, учесниците преземаат различни улоги на производители или консументи и се вклучуваат во заедничко истражување на онлајн пораки. Искуството покажува како намерите, пристрасностите и вредностите го обликуваат медиумскиот дискурс и како ВИ алатките можат да ги засилат или прикријат.
Фазата на дебрифинг е клучна: таа ги поттикнува учесниците да размислат за своите перцепции за кредибилитетот и ненеутралноста на информациите, како и за важноста од препознавање на намерите зад медиумските пораки.
На крај, активноста поттикнува критичка свесност и информирана доверба во дигиталните комуникациски екосистеми што интегрираат ВИ алатки.
Приоритети
Приоритет 1: Размислување за позитивните и негативните улоги на ВИ во медиумската продукција – како ВИ ја трансформира креацијата на информации, кредибилитетот и контролата.
Приоритет 2: Адресирање на пристрасностите и етичките импликации на ВИ посредуваната комуникација.
Приоритет 3: Развивање вештини за критичко промптирање – како да се преиспитуваат, насочуваат и толкуваат ВИ системи и излези.
Приоритет 4: Оценување на перцепцијата и свесноста на публиката – како учесниците перципираат и емоционално реагираат на информации создадени со ВИ.
Цели
- Да се промисли двојното влијание на ВИ во медиумската продукција – помеѓу овластување и искривување.
- Да се препознаат и анализираат намерите, пристрасностите и етичките импликации во ВИ-асистираните информациски текови.
- Да се развијат критички вештини за промптирање и интерпретација, и при создавање и при декодирање на содржини генерирани со ВИ.
- Да се зајакне способноста на учесниците за проценка на доверливоста и транспарентноста во медиумските екосистеми.
- Да се поттикне етичката свесност и рефлексивноста за соработката помеѓу човекот и машината во процесите на информирање.
Целна група
Едукатори
Практичари по медиумска писменост
Истражувачи
Студенти на високо образование (16+)
Активноста е прилагодлива за обуки на наставници, академски работилници или мешани (blended) формати.
Модалитети: чекори и инструкции
Чекор 1 – Вовед
Фасилитаторите го воведуваат контекстот: „Квалитет на информации во ерата на ВИ“. Потоа учесниците се делат во две групи:
Медиумски продуценти – добиваат тајни персони (улоги) и конкретни инструкции
Медиумски консументи – набљудуваат, реагираат и анализираат објави.
Чекор 2 – Фаза на продукција
Секој продуцент објавува кратки пораки (≈5 линии) на заеднички простор за дискусија (форум, чат или онлајн табла), следејќи ја стратегијата на својата персона. Дел од продуцентите користат ВИ алатки за да ги генерираат или илустрираат објавите.
Конзументите ги читаат и реагираат во реално време.
Чекор 3 – Фаза на интеракција
Конзументите го оценуваат кредибилитетот, пристрасноста и квалитетот на изворите, коментираат на објавите, целат да погодат кој стои зад секоја порака со што се создава колективна интерпретација.
Чекор 4 – Фаза на откривање
Производителите ги откриваат своите идентитети и стратегии. Објаснуваат како и зошто користеле (или злоупотребиле) ВИ.
Чекор 5 – Дебрифинг и рефлексија
Едукаторите водат дискусија што ја поврзува симулацијата со реални медиумски средини:
- Кои стратегии делуваа убедливо, а кои манипулативно?
- Како ВИ влијаеше врз перцепцијата на кредибилитетот и емоциите?
- Што ни откри ова за нашите реакции на содржини направени од ВИ наспроти оние направени од човек?
Оваа фаза е клучна за искуството да се претвори во разговор за доверба, пристрасност и одговорност во ВИ-посредувана комуникација.
Материјали и ресурси (достапни само на англиски јазик)
Instructions for Media Producers (persona cards)
Instructions for Media Consumers
Facilitator’s Guide (timing, structure, discussion) + example debriefing questions
All materials are freely reusable as Open Educational Resources (OER).


