За проектот
НАШИТЕ ЦЕЛИ
ТАДАМ има за цел да ги обедини чинителите од различни сектори како медиумско образование, истражување, медиумската индустрија, образованието… и сите други кои се заинтересирани за оваа тема.
Проектот ТАДАМ ќе се реализира во неколку главни фази. Ќе започне со голем семинар што ќе се одржи на 12 и 13 јуни 2024 година во Лувен-ла-Нев, Белгија. Прво, ќе се одржи голем семинар со различни перспективи на 12 и 13 јуни 2024 година во Лувен-ла-Нев, Белгија. Целта е да се идентификуваат конкретните прашања на кои ќе се фокусира проектот, да се даде насока во која ќе се движи проектот и да се дефинира најсоодветната методологија за следните фази.
Потоа следи децентрализирана, меѓусекторска фаза која ќе вклучува работилници во секоја земја-партнер: Белгија, Франција, Италија, Грција, Финска, Црна Гора, Македонија и други делови од Европа. Целта е да се соберат добри практики, локални ресурси и иновативни идеи што можат да одговорат на предизвиците наметнати од употребата на вештачката интелигенција и алгоритмите во процесот на информирање, вклучително и дезинформации.
Европа, проектот ТАДАМ ќе понуди онлајн работен простор за собирање резултати, добри практики, ресурси и заедничка работа. За таа цел ќе бидат организирани и онлајн состаноци.
На крајот на 2025 година, проектот ќе заврши со голем транснационален тренинг – настан MediaEdukathon за едукатори, наставници, новинари, креатори на содржини кои сакаат да обучуваат и кодизајнираат инспиративни активности и образовни ресурси за влијанието на вештачката интелигенција и алгоритмите во целокупниот информативен процес – од создавање до примање на информацијата.
ПАРТНЕРИ
Општ контакт: info@tadam.education
Media Animation е непрофитна организација и ресурсен центар за медиумско образование на француска заедница во Белгија. Организацијата е признаена е и субвенционирана од Министерството за образование и Министерството за култура. Исто така, Media Animation претставува и центар за стручна обука и за доживотно учење. Media Animation е основана во 1972 година. Организацијата добила значајни средства за спроведување истражувања, информирање, обуки и за изработка на едукативни публикации и ресурси во областа на медиумското образование.
Мисијата на Media Animation е да ги поддржува професионалците кои работат во областа на образованието, културата и социјалната работа преку две комплементарни насоки на делување: 1) Консултации, аудиовизуелна и мултимедијална продукција: професионална продукциска поддршка за актери од културниот и образовниот сектор. и 2) Медиумска и мултимедијална писменост: подигнување на свеста кај политичките и образовните чинители, обука на наставници и медијатори (социјални работници, едукатори и др.), продукција на педагошки ресурси, спроведување истражувања итн.
Католичкиот универзитет во Лувен (UCLouvain) поседува силна експертиза за евалуација на дигитални вештини и алгоритамска писменост. Истражувачката група за посредување на знаење (GReMS) при UCLouvain има реализирано повеќе проекти поврзани со алгоритамско образование (на пр. ALG-OPINION, „Во кожата на еден алгоритам“), кои придонесоа до развој на алатки и соработка со партнери во Белгија за спроведување работилници за подигнување на свеста кај едукатори и пошироката јавност. Покрај тоа, групата моментално тесно соработува со Училиштето за новинарство во Лувен околу прашањата за отчетност, новинарски практики и информирање во ерата на вештачката интелигенција и алгоритмите. GReMS стои зад неколку научни настани и организира биенална Летна школа за докторанди посветена на истражувања во областа на дигитална, медиумска и информациска писменост. UCLouvain е коорганизатор на магистерска програма за медиумско образование во соработка со Високо училиште во Брисел (IHECS).
Универзитетот во Фиренца (UNIFI) поседува силна експертиза во областа на новите технологии за образование, како и во дигиталната писменост и писменоста за вештачка интелигенција (ВИ). Тимот на UNIFI има развиено концептуална рамка за развој на критичка свест за ВИ, како и истражувачки алатки за евалуација на потребите и перцепциите за влијанието на ВИ врз општеството. Од таа гледна точка, UNIFI ќе придонесе во проектот преку обезбедување концептуални и методолошки алатки кои ќе бидат прилагодени на потребите на проектот. Дополнително, има долгогодишно искуство во обуката на наставници и едукацијата во областа на медиумската и дигиталната писменост. UNIFI ќе придонесе со својата експертиза во развојот на едукативните активности поврзани со писменоста за вештачката интелигенција.
Универзитетот во Тампере (TAU) поседува експертиза во областа на комуникациите и има најголема истражувачка единица за јавна комуникација и новинарство во Финска, во рамките на Факултетот за информатички технологии и комуникациски науки (ITC). Освен тоа, истражувањето опфаќа дигитална писменост, пронаоѓање информации, истражување на игри (Центар за извонредност во студиите за култура на игри) и управување со информации и записи. TAU има значајно искуство во организирање на хакатони, вклучувајќи SomeJam за млади (@SomeJamFi). Во последно време, TAU учествуваше во неколку Хоризон проекти, вклучувајќи CORE: База на знаење за деца и млади во дигиталната ера https://core-evidence.eu/. Оттука, TAU придонесува во проектот преку поддршка на комуникацијата и дистрибуцијата на алатките и рамките што се развиваат во текот на проектот.
Карпош е основан од три искусни професионалци кои веруваат дека аудиовизуелните медиуми и новите технологии, преку конструктивно и практично групно работење, поттикнуваат креативност и поддржуваат размена на идеи. Со петнаесетгодишно искуство во медиумската писменост и аудиовизуелната продукција, Карпош развива локални и европски програми (Erasmus+ KA2, KA3, CERV), развивајќи наративи и алатки за тоа како медиумите може да се воведат во формалното и неформалното образование. Карпош ги користи сите аспекти на дигиталните медиуми за да ги зајакне младите и возрасните граѓани, вклучително и ранливите групи, и да им обезбеди моќни комуникациски вештини. Досега има обучено над 4000 наставници и професионалци, како и 6000 млади. Карпош ќе ја донесе својата експертиза за медиумска писменост и искуството во неформалното образование.
Универзитетот „Пол Валери Монпелје” поседува експертиза во три области на општествени истражувања: медиумска и информациска писменост, со посебен фокус на развој на писменост за податоци и алгоритми од перспектива на критичко размислување; процеси и практики на информации, особено во областа на здравството (ХИВ, Ковид-19, загадување со хлордекон…); дигитална трансформација на медиумите и новинарството со фокус на социјалните мрежи и процесот на градење доверба. Овие три области се разгледуваат со особено внимание на активното учење и анализа на посредувањето во знаењето. Нивниот тим редовно спроведува едукативни активности како што се маратони, едукативни игри, игри со улоги, работилници со студенти и практичари од јавниот и приватниот сектор.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) од Скопје спроведува повеќегодишни проекти за борба против дезинформациите во Македонија. Како водечка истражувачка организација, ИКС акциски истражувања за откривање на дезинформации и штетните наративи во политичкиот дискурс и во медиумите во Македонија. Покрај тоа, ИКС преку своите веб платформи работи и на национални и регионални истражувачки приказни кои откриваат злоупотреба на моќ и информации, организира и обуки за ранливи групи, повозрасни граѓани и млади, со цел стекнување вештини за препознавање на дезинформации и манипулативни медиумски содржина. Исто така, реализира национални кампањи од јавен интерес во соработка со национални медиуми, фокусирани на подигање на свеста и градење отпорност на дезинформации.
Меѓународната федерација на новинари (IFJ) зборува во име на 180 синдикати/здруженија на новинари ширум светот, претставувајќи 600.000 новинари. Таа се залага за социјална правда и достојни работни услови за сите медиумски работници. Федерацијата, која е најголемата организација на новинари во светот, препознава дека вештачката интелигенција има огромен потенцијал да придонесе за новинарството. Меѓутоа, без соодветна регулација и претходна согласност од оние врз кои влијае, вештачката интелигенција може негативно да влијае врз работните места, новинарската етика и авторските права, како и да ја засили нееднаквата пристрасност. Вклученоста на IFJ во конзорциумот е од суштинско значење за да се претстават грижите на медиумските работници и да се обезбеди дека развојот на вештачката интелигенција ќе придонесе за подобрување, а не за поткопување на квалитетните информации и работните места. Федерацијата ќе обезбеди активно вклучување на своите членки во активностите на проектот.
Меѓународната асоцијација за медиумско образование (IAME) ја поддржува имплементацијата на проектот низ цела Европа преку својата мрежа. Овој партнер игра клучна улога за да се стигне до подалечни здруженија или територии преку информирање за настаните и активностите, како и за главните резултати.

#TadamEdu
info@tadam.education

Финансирано од Европската унија. Искажаните ставовите и мислења се исклучиво само на авторот(ите) и не ги одразуваат ставовите на Европската Унија или на Извршната агенција за образование и култура (EACEA). Европската Унија и EACEA не можат да се сметаат за одговорни за истите.